Најмногу позната по улогата на Шер, во тинејџерскиот филм, Без поим, Алиша Силверстоун сега се окупира со навистина важни работи, кои го сазегаат целото општество.Триесет и две годишната Алиша, е актерка која ги едуцира жените во Америка како поздраво да се хранат.Нејзината книга The Kind Diet – Еден вид начин на исхрана, е склоп на здрво јадење, начин на здрава исхрана и многу рецепти. Таа исто така во книгата споделува како да се живее „зелено“ и во чекор со природата и како тој начин на живеење ја направило неа да блеска во сиот полн сјај.
П: Твојата книга излегува следниот месец. За што се радуваш најмногу?
О: Се радувам затоа што ќе можам да презентирам нешто што ќе може да Ве направи да се чувствувате одлично и да изгледате прекрасно. Штом еднаш сте информирани, тогаш ќе можете да бидете фини со себе, подарувајќи си подароци кои животот Ви ги нуди – како на пример, виталност и ментален мир и сето тоа додека го правите, и овозможувате на Планетата Земја да се чувствува подобро.
П: Дали мислиш да напишеш уште една книга?
О: Да, но сакам прво да имам деца па дури тогаш да напишам книга за децата. Имам навистина што да кажам за децата и нивната правилна исхрана, но мислам дека никој нема да сака да ме чуе и да прочита за тоа. (Се смее). Па затоа, сакам јас да поминам низ тој природен процес и да напишам книга за нив.
П: Дали си го гледала документарниот гилм на Рики Лејк, “Бизнисот кој владее додека се раѓаш„?
О: Да! Нели е прекрасен? Мислам дека сакав да бидам мајка уште на мои две години. Дури го знаев и мојот иден сопруг(музичарот кристофер Јаретски).Но тогаш доаѓа реалноста. Мислам дека ќе бидам спремна наредната година.
П: Дали беше инспирирана од некои фамилијарни болести кои ги имаат луѓе од твоето семејство, за да живееш вака, здраво?
О: Бев свесна дека дијабетот беше широко распространет во моето пошироко семејство. Но тоа не беше мојата инспирација, да бидам искрена. Луѓето ми велеа да ослабам, а јас не ги слушав. (Се смее). Сепак, кога погледнав неколку слики кога сум била помала, навистина очите ми беа како надувани. Чудно е што имам 32 години и се чувствувам и изгледам помладо. Тоа што ме спаси беше љубовта кон животните. Веднаш штом го сменив начинот на исхрана, луѓето веднаш почнаа да ме прашуваат: Што ти направи со себе? Ти, блескаш.
П: Велиш дека одбирајќи ја вистинската храна, стануваш почувствителен. Како така?
О: Така можеш да ги чуеш сопствените потреби и желби појасно.Едноставно се случува некоја посебна енергија.
П: На Британскиот издавач си му кажала дека во градината сакаш да бидеш гола, во базенот да бидеш гола…
О: Тоа е точно. Тоа веројатно почна кога сакав да имам своја градина. Идејата беше јас ќе бидам надвор, времето ќе биде многу жешко, па тогаш да ја соблечам целата облека од мене. И така, да скокнам во базенот и да пливам. Секогаш во базен пливам гола. Зошто би облекувала костим за капење? Но воопшто не сум нудист. Срамежлива сум. Никогаш не сум била гола во филм, никогаш. Не сакам да ме сликаат гола. Но во мојата куќа, во градината, нудизмот е дозволен.
П: Ти ослабе преку промена на начинот на исхрана. Дали вежбаше? You slimmed down through your plant-based diet. Do you credit any exercise as well?
О: Прво исхраната, па вежбањето е на второ место. Супер е да вежбаш и кога треба да постигам определа тежина за кратко време, ги шетам кучињата и одам на јога.
П: Слушнавме дека на пазарот ќе пуштиш во продажба декоративна козметика која е еколошка?
О: Точно! Тоа ќе бидат торби за шминки, четкички за козметика, направени од рециклиран материјал, бамбус и коноп.
П: Во Белата Куќа има градина каде се одгледуваат органски зеленчуци и овошја. Имаш ли некој совет за Мишел Обама?
О: Ѓубривото. Ние го имаме најлошото ѓубриво. Јас купив мала ќесичка со црви, пред осум години, ги ставив во ѓубривото и сега има билион црвчиња. И ако ѓубрето изгледа вкусно, треба да го пробаш.