Интересни податоци: Antipasto, или во множина antipasti значи “предјадење„ и е традиционално прво јадење на традиционална италијанска вечера. Традиционалните антипаста содржат: неколку видови салами, маслинки, печен лук, пиперчиња(маринирани зелени пиперки), печурки, артичоки, неколку вида сирење и кашкавал(како провалоне или моцарела). Врз сите овие продукти се става маслиново масло. Кога ќе се послужи антипасти тоа значи дека италијанската вечера започнала.
Потребно:
- половина векна француски леб, потпечен и сечен на парчиња
- неколку зелени маслинки
- половина краставица, сечена на кругови
- чери домати, сечени на половинки и маринирани во маслиново масло и оцет балсамико
- моцарела, сечена на кругови
- пармезан или друг тврд кашкавал, сечен на тенки листови
- еден млад модар патлиџан, печен и сечен на листови
- една зелена бабура(може и зелена пиперка), печена и сечена на листови
- сол, бибер
- маслиново масло
- оцет балсамико
Подготовка: На голема даска за послужување почнете да ги редите состојките. Лепчињата попрскајте ги со маслиново масло, а модриот патлиџан и пиперката зачинете ги со оцет балсамико и маслиново масло. Ако сакате да додадете македонски шмек на ова типично италијанско предјадење, можете во мал стаклен сад да ставите лутеница, ајвар или таратор.

јуни 30th, 2010
Теодора Трповска 
Posted in

