Потребно:
- една главица марула
- половина голема краставица, грубо исецкана
- 4 млади кромидчиња, ситно исецкани
- две парчиња авокадо, грубо исецкани
- босилек, грубо исецкан
- 100 гр. кашкавал, ситно исецкан
- поточарка, ситно сецкана
- три домати, грубо исецкани
За дресинг:
- една лажичка англиски сенф
- една лажица вински оцет
- три лажици маслиново масло
- сол, бибер
Подготовка: На даска за сецкање, исецкајте ги ситно младите кромидчиња. Потоа марулата, краставицата, авокадото, босилекот, кашкавалот, доматите и поточарката сецкајте ги грубо едно по едно и потоа спојувајте го секој зеленчук со наредниот како би ги исецкале зеленчуците поситно и поситно. На даската во средина направете мал простор и ставете ги сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот и мешајте. Откако ќе се соедини дресингот, мешајте ја целата салата со ножот кон дресингот како би се зачинило секое парче зеленчук. Сервирајте во голема чинија со малку маслиново масло врз салата.
Happy days, како што би рекол и самиот Џејми.

јуни 29th, 2010
Теодора Трповска 
Posted in

