Црвено жолто зелено. Ете Ви семафор. Споделувам со Вас еден навистина откачен рецепт. Пица семафор. Пиперки во најубавите бои. Со фета сирење и црвен кромид. Мљац. Пробајте, одлична е.
Потребно за една пица:
- замрзнато тесто за пица, го има во секој маркет
- една зелена бабура, може и обична зелена пиперка, исечена на тенки парчиња
- една црвена бабура, исечена на тенки парчиња
- една жолта бабура, исечена на тенки парчиња
- 200 гр. фета сирење
- еден црвен кромид, исечен на полумесечинки
- оригано
- кечап или доматно пире
- маслинки
- маслиново масло
Подготовка: Тестото за пица намачкајте го со кечап. Ставете 10 гр. дробено фета сирење на тестото. Наредете го кромидот. Потоа, почнете да ги редите пиперките прво црвеата па жолтата па зелената на крај. Останатите 100 гр. фета издробете ги од горе. Попрскајте со оригано. Ставете две маслинки и малку маслиново масло. Печете 15 до20 минути на 250Ц.

јуни 27th, 2010
Теодора Трповска 
Posted in

