Кога ќе ви здодее да јадете шопска салата и лепче и кога ќе сакате брза и вкусна вечера а притоа ги имате сите состојки за шопска салата, направете печена шопска на лепче. Животот би бил досаден ако не пробуваме разни варијанти на обични јадења, нели?
Потребно:
- 1 домат, сечен на тркалца
- 1 главица кромид, сечена на кругови
- 1 зелена пиперка, сечена на тркалца
- рендано сирење
- неколку парчиња леб, сечен на кришки
- маслиново масло
- 6,7 маслинки, сечени
Подготовка: Големо тавче за печење премачкајте го со маргарин. Наредете ги лепчињата и намачкајте ги малку со маслиново масло. Почнете да редите врз нив најпрво пиперка, па кромид, па домат и потоа ставете ги парчињата маслинки. Од горе изрендајте сирење и ставете неколку капки маслиново масло. Печете додека сирењето не добие златна боја.

јуни 26th, 2010
Теодора Трповска 
Posted in

