Сигурно името на Ве потсеќа на се’ освен на име на јадење. Шакшука е израелско јадење кое се прави од доматен сос и поширани јајца. Оригиналниот рецепт се прави со пржени јајца во сос од домати, пиперки, кромид и зачини(најчесто ким и чили). Обично се служи со леб. Ова јадење е познато во Тунис, Марко, Турција и како и секое јадење доживува свои трансформации при подготовка. 
Потребно за 2 лица:
- две јајца, пржени на око
- една конзерва од 450 мл. домати во сос
- една главица кромид, ситно исецкан
- три чешниња лук, ситно исецкани
- три зелени пиперки, ситно исецкани
- сол, бибер
- магдонос, за декорирање
- една голема лажица црвен пипер
- 200 гр. фета сирење, дробено
Подготовка: На загреано масло пржете ги кромидот, лукот и пиперките. Додадете ги доматите задно со нивниот сос. Зачинете со сол и бибер. Ставете една голема лажица црвен пипер. Ставете ги испржените јајаца на око и динстајте 15 минути додека не испари течноста од сосот. Сервирајте во длабока чинија со дробено фета сирење и ситно сецкан магдонос.

јуни 25th, 2010
Теодора Трповска 
Posted in

