Понекогаш тоа што Ви треба е само топла супа. Особено сега, кога времето потсетува на есен, топлата супа ќе Ве згрее и ќе Ве потсети на зимата која нема да дојде скоро
Бидејќи нема неделен ручек без убава супа, без оглед дали е топло или ладно, за викендот кој претстои Ви предложувам лесна, брза и неверојано вкусна супа со домашни кнедли.

Потребно за 4 лица:
- 1 литар вода
- два големи моркови, исечени на крупно
- една црвена пиперка, исечена на половина
- една зелена пиперка, исечена на половина
- половина целер, и коренот и листовите
- еден кромид, исечен на четвртинки
- едно чешне лук
- ловоров лист
- бибер во зрна
- магдонос, ситно сецкан за декорација
За кнедли:
- 1 јајце изматено со вилушка
- гриз
- сол
- масло за јадење
Подготовка: Во длабоко тенџере истурете ја водата и ставете ги сите зеленчуци и зачини. Варете додека не бидат зеленчуците меки. Кога ќе бидат сварени, извадете ги и оставете ги настрана. Подгответе ја смесата за кнедли. Во изматеното јаајце, ставете една лажица масло, сол по вкус и почнете да додавате гриз колку да може да се оформи погуста смеса за да се обликуваат кнедли. Кога ќе биде смесата направена, со две мали лажички формирајте кнедли ставајќи од смесата на едното лажиче и потоа префрлате на другото лажиче како би се формирале овални кнедли. Готовите кнедли пуштајте ги во супата која сеуште се вари. кога ќе испливаат на површина кнедлите се готови. Сервирајте во длабока чинија и од горе попрскајте со ситно сецкан магдонос и бибер во прав.
Совет: Доколку сакате вашата супа да има текстура и да биде густа и богата, сварените зеленчуци испасирајте ги добро во блендер, ставете ги во водата во која се вареа, ставете една рака фиде и ете Ви супер здрава супа.

јуни 25th, 2010
Теодора Трповска 
Posted in

