Вегетаријански ресторан „Dream House’’ во Бугарија

“Dream House„ или на македонски „Куќа од  соништата“ е вегетаријански ресторан кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Ресторанот оваа година слави седум годишно постоење. овој ресторан веќе седум години на своите гости им нуди здрава храна и квалитетно вегетаријанско мени. Повеќе од јадењата се подготвуваат со биолошки производи. И како што самите велат: Гарантираме најдобар квалитет и одличен асортиман во нашето мени. Биолошките производи кои ги нудат се од компанијата„Зелена Земја“ со кои имаат соработка.

Вегетаријанскиот ресторан има воја веб страна, фан страна на фејсбук и твитер. Исто така имаат и блог, на кој споделуваат информации во врска со вегетаријанството.

Тука можете да го разгледате прекрасниот зелен ентериер и декор кој го оживува ресторанот и на гостите им ги доближува Земјата и природата, како и дел од рецептите кои се на нивното вегетаријанско мени.

Менито на вегетаријанскиот ресторан „Куќа од соништата“ содржи огромен и разновиден избор на салати, стартери, супи, главни јадења, десерти, топли и ладни пијалоци, кафе, пиво и разни видови на вино.

Ресторанот врши нарачи до дома и подготвува храна за кетеринг.

Цените на јадењата се навистина прифатливи. На пример, една порција кинеска салата(зелена и црвена зелка, морков, краставица, пиперки и печурки) од 300 гр, чини 120 денари. Вегетаријанско суши чини од 200 гр. чини 180 денари. Крем супа од брокули од 300 мл. чини 90 денари. Тиквички во сос од нане од 350 гр. чинат 120 денари.

Ресторанот секоја недела подготвува мени на неделата, па овонеделното мени кое завршува денес за ден петок, има: Таратур од сончоглед, зеленчуци на скара во сос од ореви и карфиол со кари и зеленчук. Вкусно.

Доколку патот Ве води накај Софија, поминете во вегетаријанскиот ресторан „Куќа од соништата“ кој се наоѓа на улица Алабин бр.50 или тука видете ја мапата, пробајте некое вегетаријанско јадење и споделете го тука, со нас, вегетаријанците.

You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

Powered by WordPress | Shop Free Phones at Bestincellphones.com. | Find the best CD Rates, Checking and Fat Burning Furnace Review