Леќа, Lens culinaris

Растение-леќа

Леќата е едногодишно растение од фамилијата мешунки, со потекло од Блискиот Исток. Ова растение е дел од исхраната на човекот уште од неолитот, што го прави едно од првите растенија припитомени од човекот. Леќата е мешунка со најмногу белковини, после сојата, па затоа, завзема голем и важен дел од исхраната на луѓето во некои делови на светот, особено во Јужна Азија. Исто така, леќата е голем извор на железо, кое пак е од особена важност за вегетаријанците. Постојат различни видови леќа кои се разликуваат по бојата и големината. Па така разликуваме црвена, црна, зелена, жолта и кафена леќа.  Лесно и брзо се подготвува и е многу вкусна.

Еве ги десетте најголеми земји производителки на леќа:

  1. Индија
  2. Канада
  3. Турција
  4. Кина
  5. Сирија
  6. Непал
  7. Америка
  8. Австралија
  9. Бангладеж
  10. Иран

Оптичките леќи се именувани по оваа мешунка, карактеристична по нејзиниот облик.

You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

Powered by WordPress | Shop Free Phones at Bestincellphones.com. | Find the best CD Rates, Checking and Fat Burning Furnace Review