Откријте ги производите кои ќе го здравствено ќе го подигнат секој дел од Вашето тело-вклучувајќи го и Вашиот апетит.
АВОКАДО
Кремастото, сочно авокадо, не само што ги содржи најдобрите масти, но и му помага на Вашето тело да ја блокира апсобцијата на лошите масти, како холестеролот. Имаат висок процент на лутеин, кој е добар за Вашиот вид, калиум и фолати, кои го намалуваат ризикот за срцеви заболувања. Интересно е дека авокадото не се прска многу со пестициди, како другите овошја.
ЦВЕКЛО
Пигментот бетасијанин, кој на цвеклото му ја дава онаа негова карактеристична нијанса и земјен вкус, е еден од оние продукти кој е богат со фолати, кој штит од вродени маани, рак на дебелото црево и остеопороза. Исто така се богари со растителни влакна и бета каротен.
РОТКВИЦА
Ротквицата е одличен продукт-борец против ракот и бактериите. Одличен извор на калциум, калиум и витамин Ц, кои меѓу другото помагаат во одржување на колагенот.
СЛАДОК КОМПИР
Без разлика дали е бел или портокалов, слаткиот компир содржи фитонутриенти кои го штитат Вашето срце, како и Вашите очи. Исто така го подобрува Вашиот имунитет. „Прскаат“ со бета каротен, кој помага против ракот на дојка и витамин А кој ги намалува несаканите ефекти кај пасивните и активните пушачи.
ЗЕЛКА, КАРФИОЛ, БРОКУЛА
Овие зеленчуци се одлични во борбата против разни болести, особено се добри за заштита на рак на дебелото црево и белите дробови.
БОРОВНИЦИ
Свежи или замрзнати, боровинките се многу богати со антиоксидансиНовите истражувања покажуваат дека боровинките го штитат срцевиот мускул.
СПАНАЌ
Сите знаеме дека спанаќот е одличен извор на железо. Тој е богат и со витаминот А и лутеин кои се одлични за очите. Но најдобро од се е што содржат и омега 3 масни киселини и тие не се само во листовите туку и во гранчињата на спанаќот.
ПРАЗ, КРОМИД, ЛУК
Овие зеленчуци можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол. Истражувањата укажуваат и на тоа дека помагаат во намалување на стомачни тегоби и рак на дебелото црево. Имаат антибиотички својства.
ЦЕЛИ ЗРНА
Не ги јадете целите зрна затоа што се богати со магнезиум, витамин Б и растителни влакна. Почнете да ги јадете бидејќи имаат земјен, лешников и вкус на путер.
ОРИГАНО
Одличното ниво на антиоксиданси во ориганото значи дека половина лажичка сушено оригано ги има истите својства како салата од спанаќ. Исто така одлично е за подобрување на дигестивниот систем.
ЦИМЕТ
Циметот го има златниот медал во највисоко ниво на антоксиданси од сите зачини и тревки. Има позитивен ефект во подобрување на шеќер во крвта, па е одличен и во задоволување на глад подолго време.
ЦРН БИБЕР, ЦРВЕНА ПИПЕРКА, ЃУМБИР
Оној жежок вкус на Вашиот јазик кога јадете некој од овие зачини е доказ на присуство на компоненти кои го забрзуваат Вашиот организам. Тие исто така имаат афродизијачки ефект.
МИСО
Мисо е паста од ферментирана соја. Многу вкусна и зачинета и е одличен извор на ниско калоричен продукт. Содржи витамин Б12, цинк и помага Вашиот имунитетен систем да функционира правилно.
ЈОГУРТ
Како и млекото од кој е направен, јогуртот е богат со калциум, фосфор и протеини. За разлика од млекото, јогуртот има добри бактерии кои му помагаат на дигестивниот систем.
САРДИНИ
Сардините кои се фатени во диви води имаат мал процент на жива(како некои видови туна) и богати се со витамин Д. Едно пакување на сардини може во квалитет да се изедначи со една шоља млеко.
СУСАМ
Тие мали и вкусни семчиња сусам се одлични за намалување на холесерол. Одличен извор на калциум, фосфор и цинк кој помага за зајакнување на коските.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Додека сите други чаеви имаат антиоксиданси, зелениот чај е полн со компонентата ЕГЦЕ која го штити срцевиот мускул. Ја подобрува состојбата на коската.
ЛЕНЕНО СЕМЕ
Богати со омега 3 масни киселини. Најдобрар начин да ги внесувате е да попрскате на печен леб, салата или колачиња.
СМОКВИ
Смоквите се употребувале пред илјада години во Медитеранскиот дел и во Средниот Исток. Тие се многу богати со растителни влакна, калциум и калиум.
ЛОСОС
Лососот е риба која содржи најмногу омега 3 масни киселини споредено со другите риби.